Македонија

Ново судење за „27 април“, пратениците со другите обвинети повторно пред Кацарска

Во Кривичниот суд во Скопје продолжува судњето за случувањата во Собранието на 27 април минатата година.

Случајот се наоѓа во доказна постапка и изнесување на докази предложени од одбраната.

На минатото рочиште исказ прес судот даде обвинетиот Горан Ѓошевски, а беа сослушани и неколку сведоци, предложени од одбраната, меѓу кои и пратеникот Влатко Ѓорчев.

Судскиот процес го води судијката Добрила Кацарска, а застапници на обвинението се Вилма Русковска и Ивана Трајчевска.

На обвинителната клупа покрај пратениците Љубен Арнаудов, Сашо Василевски, Крсто Мукоски, Љупчо Димовски, Јохан Тарчуловски,  се ексдиректорот на БЈБ, Митко Чавков, началниците во МВР, Митко Пешов, Душко Лазаров, обезбедувачот на Трајко Велјаноски, Горан Ѓошевски-Леви, вработените во МВР, Оливер Поповски, Оливер Радулов, Сашко Марковски, Мунир Пепиќ од Агенцијата за разузнавање, собранискиот обезбедувач Абдуљфета Алими, Елена Доцевска-Божиновска, Иван Цветановски.

Обвинети се и иницијаторите на движењето „За заедничка Македонија“, Борис Дамовски, Богдан Илиевски-Бетмен Велит, Владо Јовановски, Игор Дурловски. За терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста обвинети се и Стефан Младеновски, Михаил Младеновски, Захарие Симовски, Младен Додевски, Јане Ченто, Горанче Ангеловски, Игор Југ, Илија Славески, Влатко Трајков, Вилијам Михајловски, Никола Митревски-Кољо, Александар Василевски-Нинџа и Митре Питроповски.

 

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток