Магазин

Најчестите 10 лаги на мажите: Погледнете што се крие позади тоа што го кажуваат

Доктор Хаус вели дека сите лажат. И тоа е вистина. Некој повеќе, неколку помалку. Некој лаже за да повреди некој, некој за да не повреди некои чувства, некој за да избегне непријатни и тензични ситуации. Но, сите лажеме.

Ова важи за сите односи кои ги имаме во животот, особено односите меѓу мажите и жените.
И жените имаат свои лаги кои ги користат во своите односи со мажите, но за нив ќе зборуваме во друга прилика. Денес се фокусираме на белите лаги кои мажите ги користат во својата комуникација со жените. Се разбира, малце и духовитост провејува тука, затоа што таа секогаш е потребна.

Истражувањата велат дека мажите лажат повеќе и поинаку од жените, а најчесто го прават тоа за да одведат жена во кревет. Еве што се крие зад најчестите реченици кои мажите им ги кажуваат на жените.

1 . Ќе ти се јавам. (Ако ми пропаднат останатите планови.)
2.  Немам девојка. (Моментално покрај мене.)
3. Не сакам секс. (Исто како и вие кога одите покрај слаткарница и само разгледувате.)
4. Не е згодна. (Немам шанси кај неа, такашто…)
5. Не си напорна. (Ме замараш додека гледам натпревар.)
6. Таа ми е само другарка (Уште не ми успеале обидите кај неа.)
7. Ќе збориме подоцна. (Не ме замарај сега.)
8. Ова беше најдобриот секс досега што сум го имал! (Таа пред тебе и не ја биваше нешто.)
9. Не пиев многу! (Еве сега го пијам второ пиво од третата гајба.)
10. Не си здебелена! (Здебелена си, ама не ми е грижа, а не сакам да се расправам.)

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток