Професор и доктор Нико Беќаровски објави неколку тврдења за коронавирусот , кои се погрешни и кои би требало да ги прочита секој еден граѓанин со цел да се информира за некој нејасни работи и дилеми околу болеста која коси низ целиот свет. Тој на својот ФБ профил напиша:
ДА РАСЧИСТИМЕ НЕКОЛКУ ПОГРЕШНИ ТВРДЕЊА ОКОЛУ КОРОНАВА
- Позитивен ПЦР тест не мора да значи дека сте ЗАБОЛЕН од СарсЦов-2 !!!!!
- Ако имате покачена температура, сува кашлица, отежнато дишење, изгубен вкус или мирис, главоболка, вртоглавица, пролив, осип по кожата, имате голема шанса дека сте ЗАБОЛЕНИ од СарсЦов-2. Колку повеќе симптоми толку поголема веројатност !!!!!
- Ако имате повеќе симптоми, побарајте да Ви се направи лабораторија и РТГ на бели дробови, за да се процени тежината на болеста.
- Дневните извештаи на МЗ покажуваат само колкав е бројот на новооткриени со позитивен ПЦР тест, а НЕ И БРОЈОТ НА ВИСТИНСКИТЕ НОВИ БОЛНИ. Болест без симптоми не постои!!!
- Болен со симптоми е ЗАРАЗЕН за околината, а човек со позитивен ПЦР тест без симптоми НЕ МОРА !!!!!
- Бројот на новохоспитализирани и починати е вистински репер за вирулентноста на СарсЦов-2.
- Не барајте да се зголеми бројот на тестирања во Македонија. Парите може да се искористат за современи лекови. Треба да се тестираат само луѓе со СИМПТОМИ !!!!
- Негативен ПЦР тест со неколку симптоми на болеста, НЕ ЗНАЧИ дека немате Цовид-19, напротив задолжително направите лабораторија, антитела, РТГ.
- Сите вируси се лекуваат симптоматски, а мал дел и со антивиремици. За СарсЦов-2 се уште нема ефикасен антивиремик !!!