Свет

Словенечката Влада најави нови драстични мерки поради епидемијата на коронавирус

Словенечката Влада вчера најави нови драстични мерки поради епидемијата на коронавирус.

Од понеделник, наставата од петто одделение од основно училиште па нагоре ќе се одвива од далечина. Од петок, ќе се воведат ограничувања на движењето помеѓу црвените статистички региони во земјата, кои се вкупно седум. Во овие региони носењето маски ќе биде задолжително насекаде, ќе се ограничи работата на одредени услужни и спортски дејности, а собирањето на повеќе од десет лица ќе биде забрането, пренесуваат словенечките медиуми.

Овие мерки се воведуваат откако Словенија со денови има голем број на новоинфицирани со коронавирус. Вчераи маше 707, што е најмногу досега.

Мерките поврзани со школувањето ќе стапат на сила во понеделник, а другите ќе стапат на сила во петок.

Драстичните мерки што вклучуваат делумно затворање нема да се однесуваат на целата земја, туку на оние региони каде што ситуацијата е најтешка.

Словенечките власти оценија дека претходните мерки и ограничувања не го дале посакуваниот резултат, па затоа треба да се воведат нови, кои ќе бидат на сила најмалку две недели.

На почеток