Министерството за внатрешни работи од рано утрово спроведува акција на повеќе локации низ Македонија. Опфатени се села во Скопје, Куманово како Штип и делови на Струмица.
Според информации на ТВ21 во акцијата приведени се 10 лица.
Граѓани велат дека полициските хеликоптери од рано наутро постојано ги надлетуваат местата во кои се извршува акцијата.
За повеќе детали МВР најавува и прес конференција за 13.30 часот.