Зоран Милески – Кичеец добил упатен акт за издржување на казна, дознава Охрид 1.
Зоран Милески е татко на пет деца, а ја издржува и неговата самохрана мајка. Но и покрај тоа за Охрид 1 вели дека нема да бара одлагање на казната и дека ќе постапи по актот.
Упатниот акт на Милевски му го издал Основниот суд во Охрид, кој му дал најкраток законски рок од 8 дена да се јави на издржување на казната (во конкретниов случај, бидејќи 8 миот ден паѓа на државен празник, рокот по кој Милески мора да постапи ќе биде 10 дена).
Милевски е осуден во случајот „Рекет“. Тој е единствениот во процесот кој ја призна вината и кој совесно постапи со што придонесе процесот да се скрати и да се олесни постапката на докажување.