Македонија

(ВИДЕО) Благајничката тврди дека Лидија Димова ѝ вршела мобинг: Имав притисок и од нејзина соработничка, со закани за убиство

Благајничката Ана Павлиду, која до денеска работеше во Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, ја обвинува директорката Лидија Димова дека ѝ вршела мобинг на работно место.
Павлиду во интервју за „А1он“ тврди дека Димова неосновано ја обвинувала за недостиг на пари во благајна, бидејќи друго лице кое било ангажирано во агенцијата веќе потпишало изјава со која ја презема целата одговорност за случајот.
Таа додава дека Димова неколку месеци одбивала да ја пензионира, бидејќи и покрај изјавата за одговорност, барала од неа да ги врати парите. Благајничката покажа и службена белешка во која навела дека добивала смртни закани од соработничка на Димова.

На почеток