Илјадници луѓе излегоа на улиците на Франција во знак на поддршка на наставниците и со цел да ја одбранат слободата на изразување по убиството на наставник по историја. Францускиот премиер Жан Кастекс, министерот за образование Жан-Мишел Бланкер, како и други политичари присуствуваа на митинг на плоштадот во Париз во знак на солидарност по нападот.
Vous ne nous faites pas peur.
Nous n’avons pas peur.
Vous ne nous diviserez pas.
Nous sommes la France ! pic.twitter.com/GjUQo9AePa— Jean Castex (@JeanCASTEX) October 18, 2020
„Не се плашиме. Нема да не разделите. Ние сме Франција”, рече Кастекс подоцна на Твитер.
Демонстрантите носеа заштитни маски поради пандемијата на коронавирус и транспаренти на кои пишуваше „Да учиме, не да крвариме“ и „Јас сум Шарли“, алудирајќи на сатиричното списание „Шарли ебдо“, кое беше мета на масакр пред пет години.
Vous ne nous faites pas peur.
Nous n’avons pas peur.
Vous ne nous diviserez pas.
Nous sommes la France ! pic.twitter.com/GjUQo9AePa— Jean Castex (@JeanCASTEX) October 18, 2020
Полицијата го забележала осомничениот напаѓач додека носел нож на кратко растојание од местото на нападот и пукала во него. Извор од полицијата рече дека сведоците слушнале како напаѓачот извикува „Алаху Акбар“ или „Бог е голем“. Портпарол на полицијата изјави дека информациите се проверуваат.
Осомничениот, по потекло од Чеченија, е роден во Москва и имал 18 години, пренесоа француските медиуми.
Франција им понуди азил на многу Чеченци од почетокот на конфронтацијата на Русија со исламистичките сепаратисти во Чеченија во 90-тите и раните 2000-ти, а во Франција има чеченски заедници.