Македонија

Потрес: Дурловски го напушта Собранието, нема да биде пратеник

Пратеникот Игор Дурловски од ВМРО-ДПМНЕ се повлекува од пратеничката функција. Тој на социјалните мрежи напиша дека одлуката се должи на тоа што не може да го оствари тоа што го ветил пред изборите.

„Националните интереси, правда за неправедно прогонетите и нормална држава за нашите деца беа/се мои приоритети. Пратеничката фотеља боде кога политичката прагма станува поважна од моралот. Затоа, го напуштам Собранието на Република Македонија, а на колегите од Коалицијата „За обнова на Македонија“ им посакувам истрајност, доследност, мудрост, којашто сум сигурен дека ја имаат.
Тоа што го зборував не можам да го направам, но сега нема да зборувам а ќе продолжам да го правам!
Останувам доследен на моите поддржувачи и нивниот глас“, напиша Дурловски

https://www.facebook.com/igor.durlovski/posts/3885175754834306

На почеток