Македонија

Заев: Сега ќе го продаваме мерцедесот на Груевски

Премиерот Зоран Заев  за ТВ 21 изјави дека сега се подготвени да го продадат „тенкот на Груевски“ за да купат амбулантни возила. Според премиерот мерцедесот сега може да се вештачи и да се продаде.

– После пресудата на Врховен суд предметот е завршен и сега може да се направи вештачење колку пари би можел да се продаде и да се направи одлука согласно тоа, што да се прави со него, изјави Заев за ТВ21.
Владата веќе еднаш донесе одлука за продажба, но „мерцедесот“ не беше продаден туку се чувал како материјален доказ за предметот на СЈО „Тенк“.

Според истражувањето на ТВ21, на германски пазар моментално ваков мерцедес со поминати над 9.000 километри, вреди 315.000 евра.

Но последното вештачење кое беше направено, мерцедесот беше проценет на 230.000 илјади евра.

На почеток