Стојко Пауновски, директорот на Државниот паразен инспекторат е позитивен на коронавирус. Оваа информација Пауновски ја сподели на својот Фејсбук профил.
„Почитувани, би сакал да ве информирам дека и покрај строгото почитување на мерките уште од самиот почеток, вечерва добив позитивен резултат за Covid 19. Немам никакви симптоми и веќе сум во домашна самоизолација. Посакувам брзо оздравување на сите заболени граѓани и негативен тест на сите кои се во самоизолација. Чувајте се! “, напиша Пауновски.
![](https://skopje1.mk/wp-content/uploads/2022/01/2222.png)