На 90 годишна возраст денеска починa Ѓорѓи Наумов, првиот министер за правда во независна Македонија, кој на оваа функција беше од 20 март 1991 до 4 септември 1992. Тој беше еден од активните политички чинители во 90-те години на минатиот век и министер за правда во првата Влада на Република Македонија избрана по воведувањето на политичкиот плурализам и по одржувањето на првите повеќепартиски парламентарни избори во 1990 година. На нејзино чело беше избран Никола Кљусев, а по својот карактер беше експертска, техничка Влада.
Во деведестите години Наумов беше дел од познатата штипска политичка четворка, Киро Глигоров, Никола Кљусев и Јордан Мијалков кои ги yдријa темелите на независна Македонија.
Наумов е роден штипјанец, кој основното образование го завршил во родниот град, а Правен факултет во Скопје. Магистрирал на правни науки на Универзитетот во Загреб. Професионално кариерата ја почнува во Јавното oбвинтeлство, а извесен период бил и заменик Републички oбвинитeл.
Поcмpтните останки ќе бидат изложени од 12 до 13 часот во Градската капела, а опелото ќе биде извршено во црквата „Света Тројца“ во Штип.
