Свет

Албанија од утре воведува полициски час

Албанија од утре воведува полициски час како дел од напорите да се спречи ширењето на новиот коронавирусот по наглото зголемување на случаите во изминатите неколку недели. На сите граѓани ќе им биде забрането да ги напуштаат своите домови од 22 до 6 часот.

Во Албанија се забранува работа на угостителските објекти од 22 до 6 часот (освен услуга за достава ), додека за јавната администрација, според спецификите на секторот, ќе се работи онлајн или со ротација,со строго почитување на протоколите.

 

На почеток