Свет

Пациент со Covid-19 му ја отстапил својата квота кислород на синот и починал

Пациент заболен од ковид 19 во Украина ja отстапил својата ограниченa квота на кислородна поддршка на својот син, кој исто така бил заразен со коронавирусот, по што починал.

За оваа трагедија преку социјалните мрежи информираше една волонтерка која им помага на хоспитализираните пациенти.

Волонтерката Дана Јароваја објави дека болниците во Киевската област немаат доволно кислородни концентратори за пациентите со ковид 19. Поради тоа, на пациентите со тешка форма на болеста им е ограничено да дишат кислород 15 минути во денот.

 

На почеток