Македонија

Единствена Македонија: Молкот на МАНУ за бугарските барања за бришење на Македонците е соучество за кое се одговара

Единствена Македонија и македонскиот народ се силно изненадени и го осудуваат целосниот молк и плашливост од страна на Македонската академија на науки и уметности во врска со агресивниот поход на бугарски политичари, научници и историчари за целосно бришење на македонската нација, јазик и историја, се вели во соопштението од Единствена Македонија.

Тие во истото додаваат:

Единствена Македонија ја потсетува МАНУ дека има примарна задача да ги брани националните интереси, а не да биде нем набљудувач на македонското обезличување.

МАНУ мора да ја каже вистината која базира на историски извори како во однос на потеклото и корените на македонскиот народ така и за татарско монголското потекло на бугарскиот народ.

Во спротивно, произлегува дека македонскиот народ наивно верувал дека во МАНУ е концентрирана врвната домашна памет која ќе ги брани националните и државните интереси, дотолку повеќе, и по 30 години самостојна држава за разлика од соседните држави единствено МАНУ нема изработено национална излезна стратегија како македонски проект.

Единствена Македонија ја предупредува МАНУ дека по доаѓањето на нова народна власт ќе има одговорност за сите антимакедонски проекти и доколку МАНУ остане соучесник во рушење на се што е македонско, за академиците одговорност мора да има.

На почеток