Македонија

Повреда при раѓање му ја парализирала раката, семејството бара помош од хумани граѓани за лекувањетона малиот Михаил

Повреда при раѓањето на третото дете им го промени текот на животот. Семејството Ристоски од Тетово речиси две години во потрага на лек за синот Михаил. Со дијагноза – парализа на левата рака и по денови поминати со болнички третмани, добиваат надеж од клиника во Белград, соседна Србија, но за целокупното лекување и за престојот потребни им се 15.000 евра, кои не можат самите да ги обезбедат, објави Телма.

Семејството бара помош од хумани граѓани. Секој кој сака, во рамките на своите можности, да донира средства за лекувањето на малиот Михаил, за да може да се врати нормалната функција на неговата рака.

Жиро сметка

240197107964904 Уни Банка

на име Мирослав Ристоски

На почеток