Македонија

Средба Филипче, Коцарев – МАНУ е една од клучните институции во справување со ковид пандемијата

Министерот за здравство д-р Венко Филипче денеска се сретна со академик Љупчо Коцарев претседател на МАНУ. На средбата се разговараше за работата на МАНУ на истражувања поврзани со пандемијата од Ковид 19, како и за работата на Истражувачкиот центар за генетско инженерство и биотехнологија во МАНУ, каде се обработуваат ковид тестовите.

Лабораторијата во МАНУ дневно обработува од 200 до 250 брисеви, но бројката во некои денови достигнува и до 350 бриса од PCR тетсови. МАНУ ги покрива сите болници во државата, освен скопските клиники, ГОБ 8 Септември, и болниците во Кичево и Дебар.

Министерот Филипче и академик Коцарев на средбата зборуваа и за зголемување на капацитетите на лабараторијата како и подобрување на условите за тестирање во иднина, а на средбата како иден план се постави вовоедувањето на проектот на национално ниво за воведување на персонализирана медицина како начин за лекување на онколошки болести и за други области од медицината.

На почеток