Македонија

Софијанова: Детската клиника ќе стане „Father friendly“ и „Pet friendly“ болница

Аспазија Софијанова Директор на Клиниката за детски болести, најви дека детската клиника ќе стане „Father friendly“ и „Pet friendly“ болница.

-Јас сум европски ориентиран човек и верувам дека ќе ја срушиме стигмата да се дозволи престој на татковците со децата во Клиниката.Предност им се давала секогаш на мајките најмногу поради доењето и потребата на бебето и детето од мајката, но ќе се потрудиме да не ги дискриминираме и татковците. Има самохрани татковци до кои сакам да упатам посебна почит за вложувањето што го даваат за да ги израсната децата. Ќе се потрудам сега од оваа позиција која ја имам да ги променам работите. Со министерот Филипче ќе имаме креативни разговори, тоа што Вие го предложивте сега ќе го ставиме на агенда за делување, објасни Софијанова во Утрински Брифинг.

На почеток