Скопје

38 лица возеле без возачка во Скопје, 16 под дејство на алкохол

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (11.12.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територијата на град Скопје изречени се вкупно 461 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 38 санкции, 16 мерки за нерегистрирани возила, 16 мерки за управување под дејство на алкохол, 25 санкции за користење на мобилен телефон, 65 мерки за непрописно паркирани возила и 18 санкции за неносење заштитна маска.
Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.

На почеток