Сениорската кошаркарска екипа на „Ангели“ од Кисела Вода се искачи на првото место на табелата во втората лига.
Клубот од Кисела Вода на домашен терен во спортската сала „Независна Македонија“ го надигра тимот на КК „Црн Дрим“ од Струга, со резултат 70:64. Кошаркарите на „Ангели“ следниот натпревар ќе го играат на гостински терен во општина Ѓорче Петров против КК „ТНТ“.
