По симнувањето до власт, Слободан Милошевиќ добил понуда да го промени идентитетот и да замине во странство, открива поранешната претседателка на Собранието Славица Ѓукиќ Дејановиќ.
Дејановиќ која по професија е лекар невропсихијатар во емисијата Ќирилица ги образложила средбите Слободан Милошевиќ.
- Тој беше свесен за сè, како и за својот крај, но сакаше редоследот на настани да биде токму таков каков што и беше. Тој активно учествуваше во сето тоа. Мене веќе не ме сака мојот народ и јас немам право на тоа, и рекол Милошевиќ кога го прашала зошто не ја прифати понудата да ја напушти земјата.