Македонија

(Видео) Анета Кочишки: Беше љубоморен, ме извади на прозор и почна да ме дави

Новинарката Анета Кочишки, автор и водител на емисијата „Лица “ на 1 ТВ, ја поддржа кампањата против насилство врз жените и девојчињата, и раскажа потресна животна приказна.

„ Го запознав службено. И двајцата бевме успешни во своите кариери и уживавме углед. Поради работата често патував и бев во контакт со влијателни и моќни луѓе. Тоа му пречеше, почна да станува посесивен. Се повеќе, секој ден. Љумобора, понижувања и навреди ја гушеа нашата врска. Се убедував дека е минливо, секој има кризи. Мислев, премногу ме сака, затоа ме чува само за себе. Дури и најблиските ми велеа: Не претерувај, знаеш какви се мажите понекогаш. Се давев во сопствената илузија дека ќе се промени. Но, една вечер, тој вистински се обиде да ме удави. Ме извади низ прозор и почна да ме дави. Денес е во затвор, кај што му е местото“, е дел од приказната која ја раскажа Кочишки.

#СлушниЈа

#СлушниЈа Анета Кочишки#HearMeToo #OrangeTheWorld #Dëgjoje

Posted by Стави точка on Monday, December 3, 2018

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток