Македонија

Таравари: ЕУ не е машина за перење за корумпирани политичари кои го подржуваат Путин и Руската агресија, додека бараат интеграција во ЕУ од друга страна

Причина за ова прес-конференција е тоа што сме крајно загрижени во врска со неусогласување на надворешната политика на Република Северна Македонија со она од ЕУ, особено во врска со европските санкции против Русија, во врска со руската агресија во Украина. Надворешната и безбедноста политика на ЕУ се базира во законски акти и политички документи, како што се санкции и ограничувања. Земјите кандидати како Северна Македонија, имаат законски обврски да се наредат со декларациите на ЕУ и да ги применуваат европските санкции кога тоа се бара од страна на Брисел, истакна на денешната прес конференција генералниот секретар на АА, Арбен Таравари.

Таравари додаде:

Во Март 2014 година, ЕУ одлучила ограничувачки мерки против Русија, кои опфатат дипломатски мерки, замрзнувања на средствата, забрани во патувања како и економски санкции.

Одделот за еуро-интеграции на Алијанса за Албанците и Алтернатива, ги анализирала сите декларации од Високиот Претставник на ЕУ за надворешна политика, кои ги земат во обѕир санкциите од страна на ЕУ, каде резултатите и нашите заклучоци се многу загрижувачки за РСМ.

Од кога Зоран Заев стана Премиер на Северна Македонија, Советот на ЕУ донесе 21 одлуки за продолжување и проширување на санкциите против Русија.

Владата на Северна Македонија, никогаш не е наредена во страната на овие одлуки. Така да, Владите Заев 1 и Заев 2, полни 21 пати одбиле санкции против Русија.

Ова е загрижувачки тренд на ова Влада! Од друга страна ја имаме Албанија и Црна Гора кои потполно се наредени со ЕУ. Додека, во друга страна ја имаме Северна Македонија на Зоран Заев и Србија на Вучич, кои одбијат европски санкции против Русија.

Но тоа што најмногу не загрижува во овој случај, е фактот што Министерството за Надворешни Работи се води од министер Албанец, кој на стави на страна на Вучич, Додик и Путин.

На 10 Септември 2020 година и на 1 Октомври 2020 година, ЕУ продолжи и прошири санкциите против Русија и Бујар Османи како Министер за Надворешни Работи во кабинетот на Зоран Заев 2, не е нареден со земјите на ЕУ.

Бујар Османи, кој лесно ги обвинува другите како испружена рака на Кремлин, но всушност тој од кога е именуван , успешно го спроведува про-руската надворешна политика на Димитров.

Граѓаните имаат право да знаат како една влада која се произнесува Про-Европска и еден Министер кој се преправа дека неговото сонце изгрева во Запад, не ги исполнува обврските на земја кандидат за ЕУ, но претпочитува да се нареди со Русија?

Дали ова е заради тоа што владата ги брани богатствата на луѓе на Путин и слободата во нивното движење?

Или е за да се бранат руските економски интереси во Северна Македонија?

Коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива, бара од Бујар Осамани да одговара на овие прашања пред граѓаните и веднаш да се усогласува надворешната политика со тоа на ЕУ, во сите работи кога тоа се бара.

ЕУ не е машина за перење за корумпирани политичари кои го подржуваат Путин и Руската агресија, додека бараат интеграција во ЕУ од друга страна.

Северна Македонија треба да се однесува како земја кандидат, а не како некоја земја од поранешен советски сојуз, бидејќи ова го чекаат и граѓаните и тоа го наметнува и нашите законски обврски кон ЕУ.

На почеток