Првото новороденче во штипската Клиничка болница е машко, прва рожба на 17-годишна мајка од светниколското село Горабинци. Вработените во Акушерското одделение утринава ги развесели плачот на здравото и првото новороденче во 2021 година.
Началникот на Одделението за Гинеколгија и акушерство, Емил Џидров вели дека во 8:30 е породено првото новороденче во штипската Клиничка болница.
– 2020 година ја завршивме со 702 раѓања, што е приближно иста бројка, како и во 2019 година, кога имавме 708. Бројот на машки и женски бебиња се приближно исти, од кои 349 машки и 353 женски бебиња, вели Џидров.
Градоначалникот на Општина Штип, Сашко Николов и директорот на Клиничка болница-Штип, Ален Ѓеорѓијев попладнево го посетија првото новороденче.
– Новороденчето е со три килограми и 150 грама, должина од 50 сантиметри. Здраво и машко бебе, а денеска во одделот за Гинекологија и акушерство го посетивме. Традиционално како Општина Штип му подаривме штедна книшка од 10.000 денари, како и хранилка, а исто дадовме и по 10.000 денари на гинеколгија и акушетство и неоанатологија, вели Николов.