Токму во годината што измина на штипското семејство Андонови здравјето им беше најважно. Со коронавирусот се соочија четири члена од семејството, не знаат како влегол во нивниот дом, но 54 годишната Ели претпоставува дека си го нашол патот преку контактите од работното место, објави Телма.
Ели е позитивен и ведар лик, болеста ја поминала дома со полесни симптоми, но нејзиниот сопруг потешко, завршил на штипското Инфективното одделение, борејќи се за здив со помош на големите боци за кислород.
Ели е и еден од хероите во битката со пандемијата, таа била и волонтер во штипскиот ковид центар и дарувала крвна плазма, за да се спаси човечки живот.
Текстот во целост на: Телма.