Од полноќ, во Хрватска е Ден на жалост во спомен на жртвите од земјотресот што неодамна ја погоди таа држава.
Од полноќ, во Хрватска е Ден на жалост во спомен на жртвите од земјотресот што неодамна ја погоди таа држава.
На седницата во средата, хрватската Влада го прогласи 2 јануари за Ден на жалост во Хрватска и отвори сметка за помош на жртвите. Досега се собрани околу 4.7 милиони евра, потврдија до Црвениот крст.
Во земјотресот со интензитет од 6,2 степени според Рихтеровата скала што во вторникот ја погоди областа Петриња, загинаа седум лица, а над 20 беа повредени.
Материјалната штета е огромна, а реконструкцијата ќе трае со години. Практично целиот центар на Петриња е уништен, а некои околни села речиси повеќе не постојат, објави Индекс.
Штетите се огромни и во Сисак, каде локалната болница е многу оштетена.