По смртта на нашата музичката легенда Зоран Џорлев кој ја загуби борбата со Ковид 19 на социјлните мрежи се огласи Наско Џорлев, синот на Џорлев. Тој на Инстаграм ја сподели последната семејна фотографија под која што напиша емотивен текст.
View this post on Instagram
Неговиот статус ви го пренесуваме во целост:
„Вчерашниот ден беше најтажниот ден што се има случено на мене и на моето семејство. На вчерашниот ден сфатив дека животот е толку суров и до крај ќе остане исполнет со тага, на местото каде што ми се откина дел од душата. Моето семејство и светов изгуби еден од најдобрите луѓе кои постоеле и ќе постојат. Полн со живот, позитива и безрезервна љубов за сите во неговиот живот. Имаше многу планови за што понатаму, никогаш не се откажуваше, неговиот оган гореше силно до крај. Во плановите не’ имаше вклучено мене и брат ми секогаш, таман дури почнавме и да свириме заедно поредовно. За секој имаше време да посвети внимание, секогаш сакаше да помогне, без разлика колку и да беше близок, се додека му треба помош.
За секој имаше љубов и разбирање, и се правеше од срце и на чесен начин на кој повеќето луѓе не можат ни да замислат. Другар, искрен и добар, народен човек, мојот херој. Мојот татко, мојот прв пријател, моето се’. Се’ што имам е од татко ми, се’ што сакам и правам денес е поради татко ми, се’ ми имаш пружено. Се’ што ќе продолжам да правам е ЗА ТАТКО МИ. Фала ти тато за се’, тато е најдобар тато, душичке наша! За него, славете го неговото име и паметете го засекогаш, а плачете го вчерашниот ден! Оваа слика е последната наша заедничка, кога ја редевме елката. Му ја испративме заедно со еден дедо мраз како поклонче за нова година. Последниот здив го има испуштено држејки ја. Зоран Џорлев – сопруг, татко, брат, другариште, човечиште, маестро.. Те сакаме, немаш појма колку ќе ни фалиш, засекогаш и повеќе! Твоите Наско, Мартин и Офелија“, напиша Наско.