Свет

Доживотен затвор за македонскиот државјанин кој уби две жени поради љубомора, еве ги деталите

На македонскиот државјанин Перпарим Адеми, кој на пладне на 31 декември смртно застрела две жени во Тирана, му се заканува казна доживотен затвор.

Основниот суд во Тирана веќе му изрече мерка притвор и покрај тврдењата на адвокатот дека неговиот клиент се покајал за делото и се наоѓа во сериозна здравствена и психолошка состојба, објави Република. 

Според истражните дејствија Адеми(59), испукал 26 куршуми од автоматска пушка, кинеско производство, ги изрешетал двете жени а дел од куршумите завршиле во ѕидовите во станот што се наоѓа на четврти кат од станбена зграда во населбата „Астир“ во Тирана.

Повод да го изврши делото, како што самиот изјавил по апсењето, била љубомората, откако една од жените, Жанета Метани, со која живеел во вонбрачна заедница одлучила да ја прекине истата.

– Ден пред трагичниот настан, на 30 декември имало жестока расправија меѓу Адеми од една и Метани и нејзината сестра Крстина Барди, од друга страна, бидејќи Адеми не сакал да ја прекине врската затоа што потрошил многу време и пари за Жанета, по што се заканиле дека ќе го пријават во полиција. Повторно се вратил истиот ден но тие не му ја отворале вратата, па следниот ден на пладне принудил дете кое го познавале сестрите, да тропне на вратата. Кога ја отвориле вратата се обиделе да го истуркаат, но тој успеал од торбата што ја носел да го извади оружјето и почнал да пука. Откако го испразнил шаржерот, го фрлил оружјето и се дал во бегство, стои во документот од истрагата.

Текстот во целост на: Република. 

На почеток