Поранешниот косовски полицаец Фадил Суљевичи, кој бил и командант на нелегален затвор на ОВК, е пронајден мртов, пренесуваат српските медиуми. „Газета експрес“ пишува дека тој се наоѓа на списокот со сведоци на Специјалното обвинителство во Хаг.
За овој случај се огласил и главниот обвинител на Основното обвинителство на Приштина, Кујтим Муниши.
„Обвинителот отиде на местото на настанот за да види што се случило. Полицијата е на местото на настанот. Тој беше пронајден мртов некаде на планините“, изјави Муниши.
Суљeвичи е по потекло од Медвеѓа и како што еднаш изјави Здружението на киднапираните и исчезнати лица од Косово и Метохија, тој командувал со нелегален затвор во близина на Матикан, во кој имало околу 300 приведени Срби. Србија еднаш издаде потерница за него преку Интерпол.