Лажната социјалдемократија на власта на Заев излегува на виделина. После златниот прибор на Заеви кој чини 50 илјади евра, сега гледаме дека министерката Царовска за шал потрошила 370 евра. Ова е врв на безобразието. Во држава во која половина милион луѓе живеат во сиромаштија со само 2 евра дневно, премиерот јаде со златни лажици, а министерката Царовска која до вчера глумеше загрижена за ранливите категории се топли со Гучи шал кој е поскап од една просечна плата во Македонија, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.
Во продолжение на истото од партијата додаваат:
Шалот на Царовска чини скоро колку две месечни плати во текстилната индустрија или скоро колку една плата на наставник во образованието. Лажното душегрижништво на Царовска , Заев и останатите во владата е врв на лицемерието. Се расфрлаат со луксуз од кој боли глава во време кога во Македонија без работа се останати 54 илјади работници и кога уште толку не земаат редовно плата. Додека државата енормно се задолжува со една милијарда евра за една година, буржоазијата на власт троши за луксузи и сопствени удопства.
Јавноста се чуди потоа зошто власта не може да разбере дека на народот му се скапи патарините. Па како ситата власт да го разбере гладниот народ. Оваа однародена и одлепена од реалност Влада живее во свој свет на злато, шалови Гучи, шампањи, лигњи, додека народот гладува.