Скопје

НВО Саем „Заедно до подобро општество“

Претседателката на Советот на Град Скопје, Љубица Јанчева, денеска го отвори НВО саемот, кој годинава се одржува под мотото „Заедно до подобро општество“, во контекст на одбележувањето на 5-ти декември, Mеѓународниот ден на волонтерството, во просториите на НУБ „Св. Климент Охридски“ – Скопје .

НВО саемот кој е во организација на Волонтерскиот центар Скопје, а под покровителство на Град Скопје, се оддржува по четврти пат со цел меѓусебно вмрежување на Граѓанските здруженија и фондации, што резултира со успешни партнерски проекти.

– Соработката и меѓусебното приближување, поттикнати од позитивната енергија на вмрежената комуникација е најголемата придобивка и на градот Скопје и на општеството, и тоа ние треба да го поддржиме како локален, но и како општествен императив – нагласи Љубица Јанчева.

Таа додаде дека ваквата констатација ја уважува и Град Скопје, кој повеќе од десетина години ја практикува соработката со Граѓанските здруженија и фондации и ја поддржува нивната работа.

– Потврда за ова е и овогодинешната поддршка на Град Скопје при реализацијата на НВО саемот, кој е од суштествено значење за локалното вмрежување на Граѓанските здруженија и фондации, чија природа на дејствување се сообразуваа со она што значи „Заедно кон подобро општество“, кое може да се восприеми како определба, мисија и визија на годинешниов НВО саем – резимираше Јанчева.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток