Претседтелот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицковски денеска оствари работна средба со Претседателот на комисијата за надворешна политика на Европскиот парламент и потпретседател на Европската народна партија Дejвид Мекалистер. На средбата станало збор за актуелната политичка состојба, процесите врзани со стратешките цели на Република Македонија, членството во Европската Унија и НАТО организациите.
„Објаснив дека Република Македонија се соочува со деликатна политичка состојба и со еден период на црно владеење каде доминираат неправдите и политичкиот прогон. Воедно посочив дека се случуваат скандали на дневно ниво каде до израз доаѓа неподготвеноста на владата за реформи и менаџирање на политичките процеси. Истакнав дека таквата непосветеност на власта, државата ја турка кон економското и политичко фијаско, слабеејќи го стандардот на граѓаните.Во однос на уставните измени посочив дека ВМРО-ДПМНЕ останува против и ќе ја следи волјата на граѓаните“, вели претседтелот на ВМРО ДПМНЕ Мицковски.