Македонија

Поевтинуваат бензините и дизелот

Бензините и дизелот од ноќеска на полноќ ќе поевтинат за 2 денари, соопшти Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги. Од таму појаснуваат дека одлуката е донесена поради тоа што престанува да важи Уредбата со законска сила за примена на законот за акцизите за време на вонредна состојба, со што практично од вечерва на полноќ во сила стапува Законот за акцизи.

Од вечерва на полноќ малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалуваат за два денари, на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 13 денари, а цената на мазутот останува иста.

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 е 61 денар за литар, на ЕУРОСУПЕР БС -98 е 63 денари, на дизелот е 52,50 денари за литар, а на маслото е 41,5 денари за литар. Цената на мазутот останува на 30,823 денари за килограм.

 

На почеток