Магазин

Авиoн кој се срyшил и во кој загинале 520 луѓе, се појавил на радарите по 35 години

Јапонски патнични авион со број JL123 на Japan Airlines се срушил на 12 август 1985 година. Во несреќата загинале 520 лица, а успеале да преживеат само 4 патници.

Во Јапонија секоја година се оддава почитта на загинатите од несреќата.  Но, неколку денови пред одбележувањето на овогодишната почит на загинатите се случил неверојатен настан. На сајтот Filightradar24, корисник на твитер случајно го забележал летот со број JL123 како се приближува кон аеродромот Нарита.

Националната телевизија го објавил овој настан, при што се појавиле бурни реакции во јавноста. Раководството на авиокомпанијата дала соопштение дека вработен во компанијата ги згрешил бројките при впишување на летот. Вистинскиот број на летот бил JL712.

На почеток