Македонија

По апсењето на две лица за „Јавна соба“, адмимистраторот на групата најави за отворање на нова група

Администраторите на „Јавна соба“ најавуваат отворање на нова група по денешните апсења на едно лице во Битола и едно лице во Велес поради овој случај со незаконско споделување и ширење на експлицитни фотогорафии, преку платформата „Телеграм“.

Кусо време откако министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски објави дека се уапсени две лица поради „Јавна соба“. Во групата се споделува само една иста информација според која членовите се известуваат дека е направена нова група, а администраторот повикува да му пишуваат во приватна порака за да им ја испрати.

Премиерот Зоран Заев денеска преку социјалните мрежи, извести дека испратиле категорични барања до социјалната мрежа „Телеграм“ да ја избрише групата „Јавна соба“ со предупердување дека ако тоа не се случи, можно е блокирање на платформата во земјава.

На почеток