На една година пред локалните избори повторно кажувам дека ќе има картички, притисоци, поткуп, закани и повторно меѓународната заедница ќе молчи. Ова го изјави претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во вечерашното интервју на Канал 5 Телевизија.
Јас ги признав мафијашко талибанските парламентарни избори на 15 јули, и за тоа имав сериозна критика во јавноста, каде брутално се виде дека се украдени изборите, а меѓународната заедница молчеше, рече тој. И сега ќе молчи и пак ќе има крадење.
Мицкоски побара да бидат набавени фингерпринт терминалите да не биде потоа повтоно критикувана опозицијата дека ги проблематизира локалните избори. Тоа е законска одредба а нема пари за нивно купување, вели тој.