Македонија

Мицкоски: Доколку некој ми даде предлог да прифатам дека Делчев бил Бугарин, би направил дипломатски скандал од светски размери

Македонската страна во преговорите со Бугарија не смее никако и под ниедни услови да прифати дека Гоце Делчев бил Бугарин, бидејќи такво нешто ќе ја срози македонската државност и ќе покаже огромна слабост пред светот, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во вечерашното гостување во емисијата „Само интервју” на Канал 5 телевизија.

– Треба сите да сме свесни дека врз името на Гоце Делчев, Груев, Питу Гули и останатите, ние всушност изградивме држава. Името и земјата се темелат врз тие постулати. Македонската страна мора да ги запази тие моменти и не е важно дали ќе имаат притисоци од внатре во државата или пак од некој друг, тоа не смеат да го дозволат, изјави Мицкоски.

Тој додаде дека доколку нему на маса некој ми даде предлог да прифати дека Делчев бил Бугарин, би направил дипломатски скандал од светски размери.

– Тоа е нешто незамисливо и сметам дека не смее да постои таков човек кој би го прифатил тоа, истакна Мицкоски.

 

На почеток