Здружението „Од нас за нас“ ги отфрла обвинувањата од Министерството за образование дека шират невистини на социјалните мрежи.
„Здружението ОД НАС ЗА НАС нема тенденциозна намера да шири паника и да ја манипулира јавноста туку има за цел да ја информира јавноста за агендата на сеопфатното сексуално образование преку искуството на другите земји. Препорачуваме министерката внимателно да ја прочита целата објава пред да шири лажни и невистинити информации. Целиот пост, објавен од страна на здружението ОД НАС ЗА НАС можете да го прочитате на следниот линк https://www.facebook.com/odnaszanas/posts/449860269723730 . Па вие самите одлучете кој ја лаже и манипулира јавноста! А министерката ако има барем малку доблест, ќе му се извини јавно на Здружението за нарушување на угледот и интегритетот“, наведува здружението во допис до медиумите.