Свет

Почина Мирослав Туѓман, долгогодишен пратеник и син на на првиот хрватски претседател

Хрватскиот научник и политичар, долгогодишен пратеник и син на Фрањо Туѓман, Мирослав Туѓман почина од коронавирус на 75-годишна возраст. Toj е познат како син на првиот хрватски претседател Фрањо Туѓман.

Мирослав Туѓман почина на Клиниката за инфективни болести „Д-р Фран Михаљевиќ“ во Загреб, соопшти Кабинетот на претседателот на хрватскиот парламент.

Тој беше професор на Филозофскиот факултет во Загреб и член на хрватскиот парламент.

Во времето кога неговиот татко беше хрватски претседател, тој ја водеше разузнавачката служба во два наврати, од 1993 до 1998 година и од 1999 до 2000 година.

Тој освои 4,1 процент од гласовите на претседателските избори во 2009 година, а стана член на парламентот во 2011 година како кандидат на Хрватскиот демократски сојуз.

Роден е на 25 мај 1946 година во Белград, каде што тогаш Фрањо Туѓман служеше во Генералштабот на Југословенската армија. Во Белград живееше сè до 1961 година, кога семејството Туѓман се пресели во Загреб.

извор: Макфакс

На почеток