Утрово Управата за извршување санкции започна голема инспекциска контрола на затворот Идризово. Како што дознава News1.mk акцијата ја води Марјан Спасовски кој е првиот директор на „Управата за извршување санкции“ кој прави ваква контрола по 2014.
Неофицијално акцијата е насочена кон искоренување на корупцијата во затворите.
ЕНДЕМСКА КОРУПЦИЈА
Што се случува во македонските затвори и до какви размери стигнала корупцијата во нив кога немало никаква контрола од 2014 до денес ќе покажат резултатите од оваа акција. Како што брифираат извори на News1.mk директорот Марјан Спасовски планирал да се соочи со оваа „ендемска корупција“ и да се справи со неа.
фото: Skopje 1