И шофер вработен во „Македонија пат“ бил фатен како поминува патарини со влучени „флешери“ кои е забрането да се постават и употребуваат, дознава „А1он“. Тој поминал на наплатната рампа кај Петровец, а бил застанат од полицијата која вчера имаше акциска контрола. Настанот за „А1он“ го потврдува директорот на ЈП Македонија пат, Беким Мемети, но негира дека тој се превезувал со автомобилот и шоферот. Мемети тврди дека во автомобилот со вклучени влешери бил раководител на подружница во „Македонија пат“.
Со вкучени „флешери“, кои не смеел да ги има поставено, беше фатен и шефот на кабинет на вицепремиерот Артан Груби. Инаку, МВР фати и шест полициски службеници кои ја поминале наплатната станица без да платат, со злоупотреба на флешери и службена легитимација. И против нив покрај изречената глоба, ќе бидат преземени мерки и од страна на Одделот за внатрешна контрола.
Текстот во целост на: „А1он“.
фото: Архива