Свет

Во Холандија карантин мерките ќе траат до март

Холандскиот премиер Марк Руте синоќа нагласи дека повеќето карантин-мерки што се во сила од октомври во државата ќе останат во сила со наредните недели поради стравувањата за нагло зголемување на морбидитетот како резултат на новите мутации на коронавирусот.

– Владата се уште размислува дали да продолжи и по следната недела со ограничено движење навечер, што предизвика немири во некои холандски градови, изјави премиерот за медиумите.

Кабинетот претходно објави дека од 8 февруари ќе се отворат основните училишта и градинки, со можност за отворање на средните училишта, но тоа нема да се случи пред март.

– Неизбежно е затворањето да се продолжи целосно до најмалку 2 март, нагласи Руте, и покрај намалената инциденца во Холандија.

Извор/фото:Агенции

На почеток