Свет

Свештеник обвинет за убиство – новороденче умре на крштевка

Многу Романци се мобилизираа оваа недела на социјалните мрежи, како би ја увериле Православната Црква да го измени обредот на крштевање, после смртта на новороденче, ден после таква церемонија. Смртта на новороденчето поради таквата пракса е трагедија. Тој ризик мора да биде отстранет, порачаа иницијаторите на петицијата на интернет, која досега собрала повеќе од 56.000 потписи, објави Лидер.

Шест недели старо новороденче умрело во понеделникот во болница, набрзо после крштевката во црква.

По обредот, бебето заронето е три пати во благословената вода. На детето му се слошило и умрело неколку часа подоцна во болница поради застој на срцето.

Обдукцијата утврдила течност во неговите бели дробови и отворена е истрагата поради убиството од немарност против свештеникот кој го водел обредот.

Од црквата порачуваат дека нема да го менуваат обредот.

извор: Лидер

фото: Getty Images

 

На почеток