Свет

Производителот на лекови „Мерк“: „Ивермектин“ не лекува КОВИД 19

Производителот на лекови „Мерк“ денеска објави дека нивната анализа на достапните податоци не ја поддржува безбедноста и ефикасноста на неговиот лек против паразити „ивермектин“ за третман на ковид-19. „Ивермектин“, кој е одобрен во САД како бренд име „стромектол“, се користи главно за лекување на цревни паразити, објави СДК.МК.

Во мај лани, властите во боливискиот град Тринидад почнаа кампања за давање бесплатни дози на „ивермектин“ за борба против новиот коронавирус, иако Министерството за здравство на земјата го забележа недостатокот на докази за ефикасноста за третман за ковид-19.

Компанијата рече дека нивната анализа на постојните и новите студиите за „ивермектинот“ за лекување на ковид-19 не откриле научна основа за потенцијален терапевтски ефект против респираторната болест предизвикана од новиот коронавирус.

„Мерк“ додаде дека постои загрижувачки недостаток на податоци за безбедноста во повеќето студии за тестирање на „ивермектин“ за лекување ковид-19, и предупреди против употребата на лекот вон неговото користење за антипаразитски третман.

Текстот во целост на: СДК.МК

На почеток