Свет

Научниците немаат немаат одговор, дупките во земјата во Петриње после секој потрес се шират

Тлото во Петриње не престанува да се тресе. Новиот земјотрес со интензитет од три степени според Рихтеровата скала вчера дополнително активираше многу одрони во Банија. Со секој потрес дупките што се појавија во земјата  стануваат се поголеми.

Сеизмологот Крешимир Кук за ХРТ изјави дека досега оваа појава не им била позната на сеизмолозите.
– Нема пишани траги, па дури ни усни сознанија од нашите постари колеги. За нас, ова е нешто ново, потенцираше Кук.

Професорот Бруно Томљеновиќ од Загребскиот факултет за рударство, геологија и нафтено инженерство истакна дека појавата на тие дупки може да се класифицира како феномен и дека не е вообичаено почвата да се однесува на овој начин по земјотрес.

фото: Архива

На почеток