Свет

Бугарија мора да ги врати парите на ЕУ за полициските возила поради измама

Најрелевантниот ЕУ портал Euractiv.com,  објави дека Канцеларијата на ЕУ за борба против измама, бара Бугарија да врати речиси 7 мил. евра и да покрене кривична постапка спрема Бугарското МВР!

Според Euractiv.com, во јули 2018 година започнале истрага по обвинувањата за измама и злоупотреба на средства од ЕУ од договорот за грант на Фондот за внатрешна безбедност на ЕУ во врска со испорака на 350 возила на целиот терен за полицијата со кои управува Министерството за внатрешни работи на Бугарија.

Канцеларијата на ЕУ откри дека Министерството ги прекршило одредбите на договорот за грант со еднострано менување на неговите услови. Министерството се определи за набавка на голем број џипови наместо на теренски возила.

Набавката била објавена од Министерството за внатрешни работи на почетокот на март 2017 година, а изведувачот бил избран во април 2017 година – период во кој била назначена привремена влада во „братска“ Бугарија. Договорот бил потпишан на крајот на февруари 2018 година кога Владата ја предовдува ГЕРБ односно Бојко Борисов.

Текстот во целост на:  Euractiv.com. 

фото: Euractiv.com. 

На почеток