Велика Британија по двапати ќе ги тестира сите патници кои пристигнуваат во земјата, во обид да го контролира ширењето на новите варијанти на вирусот. Тестирањата ќе се вршат двапати, за време на 10-дневната изолација, дознава „Телеграф“.
Владата претходно најави карантински мерки од 15 февруари за патниците кои пристигнуваат од територии кои се сметаат за жаришта на вирусот.
Весникот јавува дека министерот за здравство ќе ги објави тие планови следната недела.
Извор: Агенции
Фото: BBC