Свет

Во Британија се појавила нова мутација на британскиот вид на коронавирус – супер-сој

Хрватскиот научник Кристијан Рамадан, кој е професор по молекуларна медицина на Универзитетот во Оксфорд, вели дека се појавила и нова мутација на британскиот вид на коронавирус, која ја нарекува супер-сој.

Британската варијанта на вирусот беше откриена во декември 2020 година и последниов месец стана доминантен вид, бидејќи повеќе од 50 проценти од луѓето се заразени со неа, пишува „Јутарњи“.

Според Рамадан Велика Британија го вакцинира населението со голема динамика. Околу 15 милиони луѓе се очекува да бидат вакцинирани до средината на февруари.

Запрашан дали појавата на новиот вид најавува трет бран на епидемијата, Рамадан вели дека тоа ќе зависи од ограничувачките мерки кои ќе ги воведат земјите.

извор: Макфакс

фото: BBC

 

На почеток