Денеска за настаните од 27 април сведочеше поранешниот претседател на Македонија Ѓорге Иванов, кој истакна дека го поддржувал движењето „За заедничка Македонија” и дека жестоки биле реакциите во јавноста по објавувањето на тиранската платформа и по изјавите на некои политичари од регионот дека Македонија не треба да постои, пренесаува „Република“.
На прашањето дали планирал да прогласи воена состојба тој рече дека тоа е небулоза.
-Тоа го покрена еден неделник една недела пред 27 април. Тоа беа шпекулации и небулоза. Воена состојба прогласува Собранието со две третинско мнозинство. Доколку Собранието не може да се состане тоа може да го направи претседателот , но тоа мора да биде потврдено од Парламентот. Ова е школски пример за создавање на воена психоза, рече Иванов.
извор: „Република“.