Свет

Голема акција во Данска, уапсени седум лица поради планирање терористички напади

Седум лица се уапсени во Данска под обвинение дека се обиделе да направат експлозивни направи и планирале терористички напади, соопшти полицијата.  Данска ја спроведе акцијата заедно со колегите од Германија. Во апсењата се пронајдени состојки за правење експлозивни направи и оружје, објави „Ројтерс“.

„Веруваме дека поединци имаа намера и капацитет да извршат терористички напади во Данска“, се вели во соопштението на данската полиција.

Уште шест лица беа уапсени во Данска и едно во Германија, по повод можна поврзаност со овој случај, се додава во соопштението.

извор: Макфакс 

На почеток